Може да се обложите кога повторно ќе се распаднат Оасис

Браќата Галагер најавија дека повторно го обединуваат бендот Оасис за турнеја низ Велика Британија и Ирска, а концертите беа распродадени веднаш штом билетите беа пуштени во продажба.
Фото: Will Fresch, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons

Додека фановите чекаа на официјалните веб страници за да набават билети, кои потоа на црниот пазар достигнуваа цени и до 10 илјади фунти, обложувалниците низ Велика Британија се занимаваа со други прашања. Таму се појавија облози за тоа дали и кога бендот повторно ќе се распадне.

Коефициентот дека бендот ќе се распадне пред првиот концерт изнесува 8, дека тоа ќе се случи во било кој момент за време на турнејата е 5, што е околу 20 отсто шанса, објави аналитичкиот сајт ОЛБГ.

Освен за распад на бендот, обложувалниците имаат можност и за да се обложува и за идни успеси на бендот. Па така, коефициентот дека албум на Оасис ќе биде број 1 на топ листите во Велика Британија во јули и август 2025 година е 2,25, а дека ќе настапуваат на шоуто на полувремето на Супербоул во 2025 е 5.

Исто така се нудат и коефициенти за тоа со која песна бендот ќе ја почне турнејата и за тоа дали и каде ќе организираат идни концерти.

Најново

Последни колумни