Мостот на поезијата во Струга ќе биде затворен за сообраќај денес и во недела

Поради поставување сценографија на Мостот на поезијата за свеченото затворање на Струшките вечери на поезијата денес и утре (недела) ќе биде затворена за сообраќај дел од улицата „Партизанска“ во Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, затворен за сообраќај ќе биде Мостот на поезијата од 15 часот денес, сабота до недела на полноќ.

Традиционално, Струшките вечери на поезијата завршуваат в недела со манифестацијата „Мостови“ на Мостот на поезијата, со поетски читања и врачување на највисоките признанија, наградите „Златен венец“, „Мостови на Струга“ и „Браќа Миладиновци“. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни