Кристофер Плачетка од Фолксваген беше во Скопје за AI Tech Summit

Мора да инвестираме во образование и регулација за ВИ да не нѐ остави на улица

Напредокот на вештачката интелигенција се случува, а ChatGPT веќе може да програмира како и луѓето, ако не и подобро поради што мора да размислуваме како да се справиме со работните места што ќе станат непотребни, вели Кристофер Плачетка од Фолксваген во интервју за Трн.мк.

Плачетка на AI Tech Summit во Скопје зборуваше за за ВИ-базирана детекција на промени во HD мапи за автоматизирано возење, а во интервјуто за Трн.мк зборуваше за тоа како напредокот на вештачката интелигенција ќе влијае врз општеството.

„Со алгоритмите и развојот на ВИ вие треба само да имате нова идеја, нешто што ВИ не може да го има, бидејќи се уште му недостасува инспирација и иновативност. Па тоа е работата која преостанува. Но како што алатките ќе еволуираат, целиот процес за имплементирање на идеја по првична инспирација ќе може да биде автоматизиран“ вели Плачетка.

Тој додава дека луѓето треба да ги развиваат своите креативни способности, за да бидат подобри од вештачката интелигенција.

„И ни треба регулација за да обезбедиме дека нема да завршиме во дистопија каде што ВИ ќе прави се и ќе имаме огромен број на луѓе кои се бездомници на улица бидејќи немаат работа. Што да правиме со тие што ќе остануваат без работа? Немам одговор, бидејќи ќе бидат милиони“ смета Плачетка.

За автомобилската индустрија тој е, сепак, поголем оптимист истакнувајќи дека се уште ќе останат на пазарот неавтоматизирани возила, бидејќи луѓето сакаат да возат.

„Многу луѓе сакаат да возат и не сакаат да се откажат од своите возила или од одговорноста на возењето. Па ќе има коегизстенција на оваа технологија уште една до две генерации“ вели Плачетка.

Според него процентот на автоматизирани возила брзо ќе порасне, но ќе достигне одредена точка после која растот ќе биде се побавен, за што ќе бидат потребни промени на генерациите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни