Монументална скулптура ,,Зашиени емоции” од скулпторот Никола Смилков поставена во Штип

Скулптурата „Зашиени емоции“ е стилизирана претстава на флуидна ткаенина прободена со игла, која асоцира на шиење на платно

Вчета во центарот на Штип се постави монументалната скулптура со наслов ,,Зашиени емоции” од скулпторот Никола Смилков.

Скулптурата „Зашиени емоции“ е стилизирана претстава на флуидна ткаенина прободена со игла, која асоцира на шиење на платно. Иглата е бронзена, со златна патина, додека ткаенината е изработена од бел мермер „сивец“. Флуидноста на ткаенината е во контраст со цврстината на иглата, симболизирајќи ја истовремено силата, но и елеганцијата на процесот на везење и шиење, поврзувајќи ја со издржливоста на работникот.

Никола Смилков е активен член на ДЛУМ и член на Управниот Одбор на ДЛУМ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни