„Монумент за неродените“ самостојна изложба нa Иван Аџиевски

Изложбата преставува концептуален проект во кој преку ликовната уметност авторот се обидува на пошироката јавност да и покаже критицизам на реалната опшествена состојба како причина за миграција на младите од државата

„Монумент за неродените“ е четврта самостојна изложба на македонскиот автор Аџиевски Иван, која ќе се отвори на 24 септември во 19.30 часот во Монтажната галерија на Паркот на Франкофонијата.

Изложбата преставува концептуален проект во кој преку ликовната уметност авторот се обидува на пошироката јавност да и покаже критицизам на реалната опшествена состојба како причина за миграција на младите од државата.

На изложбата се презентирани фотографии принтани на платно кои се модифицирани со абстрактен пристап со употреба на злато како медиум, создавајки 12 нови уметнички дела-слики на кои се прикажуваат (во реалноста непостоечки) монументи подигнати во презентираниот простор од Македонија во чест на неродените, изгубените генерации како и отселените граѓани од државата.

Прикажувањето на абстрактно насликаните монументи во природниот простор не е случајно, со тоа се прави паралела на недопрената чиста природа со која може да се гордее Македонија и нечистата перверзна политичка сцена во последните 20 години која доведе до постоечката економско-социјална состојба во државата како директен причинител за намалениот наталитет и младинската емиграција.

Изложбата е финансиски подржана од страна на Министерство за култура на РСМ и е дел од програмата на Установата – Центар за современи уметности – Скопје.

Иван Аџиевски роден во Скопје 1985 година, завршува правен факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во 2009 година. Во водите на сликарството влегува во 2018 година со реализација на својата прва самостојна изложба BEAUTY SPOT во галерија Концепт 37 каде беа изложени дела работени во комбинирана техника акрил на платно со престава на женски лик и акт во експесионистички и кубистички манир.

На својата втора самостојна изложбa BEAUTY SPOT II во 2022 година во галерија КСП Центар Јадро престави 24 слики работени во различни сликарски медиуми и материјали со делумна апстракција и енформел кои беа продолжеток на предходната матрица на насликани портрети на девојки и женски акти кубистички претставени.

На третата самостојна мултимедијална концептуална изложба ,,ФОРМИ НА СИСТЕМОТ’’ – дел од програмата за визуелни уметности од национално значење за 2023 година авторот се престави со слики, инсталации, склптура и видео проекција кои имаа за цел потикнување на јавен диалог и креативен активизам за надминување на корупцијата како економски и политички проблем.

На својата четврта самостојна изложба при Центарот за современи уметности -ЦСУ во 2024 година презентира слики на кои се прикажуваат (во реалноста непостоечки) монументи подигнати во презентираниот простор од Македонија во чест на неродените и отселените граѓани од државата како критицизам за постоечката економско-социјална состојба во државата како причина за миграција.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни