Над 11.000 жители во седум малезиски сојузни држави се погодени од силните поплави предизвикани од обилните монсунски дождови, соопшти националната агенција за елементарни непогоди.
Поплавите се редовна појава на источниот брег на Малезија во монсунската сезона, која трае од октомври до март, и секоја година предизвикуваат раселување на илјадници луѓе.
Според најновиот извештај, повеќе од 11.000 лица – речиси 4.000 семејства – морале да ги напуштат своите домови. Најпогодена е североисточната држава Келантан, на границата со Тајланд, каде поплавите зафатија над 8.000 жители. Засега не се пријавени жртви.
Во погодените региони отворени се 60 привремени засолништа за сместување на евакуираните лица, потврди агенцијата.
