Во изборот за најдобар стрип за 2025 година учествуваа 386 гласачи, членови на порталот stripovi.com, кои гласаа во две категории – стрип-свеска и стрип-албум, oбјави Мета.
Првото место во категоријата на помал формат го освои мангата „Монстер“ од Наоки Уросава, во издание на српскиот издавач „Дарквуд“, во конкуренција од 431 издание.
На следните позиции се најдоа познати италијански серии како „Дилан Дог“, „Џудас“ и „Марти Мистерија“, додека петтото место повторно му припадна на хрватското списание „Квадрат“.
Во категоријата стрип-албуми, во конкуренција од 319 изданија, победник е репринтот на „Модести Блејз – На почетокот“, издаден од хрватската „Фибра“.
Ова издание ги обединува првите епизоди од култниот серијал, создаден од Питер О’Донел и Џим Холдавеј.
Издавачката куќа „Фибра“ доминираше и оваа година, освојувајќи четири од првите пет места во категоријата албуми.
На второто место се најде „Draw!“ од Игор Кордеј, третото го освои „Слава“ од Пјер Анри Гомонт, а петтото „Ралф Ажам“ од Луис Трондхајм.
Четвртата позиција ја зазеде „Лоун Слун“ од Филип Друлет, издадена од српскиот „Сталкер“.
Како и претходните години, најголемиот дел од изданијата во конкуренцијата се преводи на странски стрипови, додека македонски изданија повторно не беа застапени.
Според податоците, пазарот на стрипови во регионот останува стабилен, иако се забележува благ пад на продукцијата во 2025 година.