Монодрамата „Сите најубави нешта”во Еurope House Скопје

Во среда на 12 јуни, во 19:30 часот во Еurope House Скопје ќе биде изведена монодрамата „Сите најубави нешта” работена според мотиви на Данкан МекМилан, во режија на Дејан Пројковски.

Ja изведува популарниот македонски актер Игор Ангелов.

Монодрамата со оригинален наслов „Every Brilliant Thing“ ја повлекува завесата за тоа како е да се биде дете на родител, кој поминува низ тешки животни моменти и колку сме потребни за оние што ги сакаме. Заснована на вистинити и невистинити случки, оваа монодрама е приказна за тоа како да се постигне надеж во животот со фокус на најмалите нешта.

Преку оваа приказна, монодрамата „Сите најубави нешта” буди различни емоции кај гледачите, од смеење до плачење, и ги поттикнува да размислуваат за значењето на среќата и животот.

Публиката е вклучена цело време, во интеракција со актерот и при тоа се создава интимност и длабока врска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни