Моноблок – најраспространетата, но често занемарена столица во светот

Секојдневно ја гледаме на дворови, балкони, плажи, во кафулиња и на улици низ целиот свет – пластичната моноблок столица.

Иако е речиси секаде околу нас, не постои единствен одговор кој е нејзиниот вистински изумител. Она што е сигурно е дека досега е произведена повеќе од една милијарда пати, што ја прави едно од најмногу репродуцираните парчиња мебел во историјата.

Некои дизајнери ја нарекуваат „едно од најсовршено дизајнираните објекти во светот“ – комбинација од достапност, издржливост и масовна употребливост.

Името ѝ доаѓа од зборовите „моно“ (еден) и „блок“ (блок), бидејќи е излеана како едно единствено парче пластика. Евтина, лесна за складирање, отпорна на временски услови и веднаш препознатлива, моноблок столицата не е само парче мебел – таа е икона на дизајнот која припаѓа на сите, насекаде.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни