Дококлу одлучуваше интернетот, униформите на Монголија веќе ги освоија Олимписките игри во Париз. Униформите кои ќе ги носат монголските спортисти имаат храбар дизајн, инспириран од монголските носии.
Тие се дело на брендот Мишел Амазонка и имаат впечатлив дизајн и сложено исвезени елеци, фустани и дотатоци кои содржат културни мотиви.
Според дизајнерите со овие униформи сакале да ја истакнат посебноста на монголската традиција и култура, но во едно модерно светло.
Женските униформи имаат и церемонијални обетки и извезени торби, додека машките ќе носат капа за стрелаштво, појас и традиционални монголски чизми. Дизајнот ги испреплетува националните бои на Монголија – сина, црвена и бела, како и неколку традиционални мотиви, како и „Сојомбо“ – симболот што се појавува и на државното знаме. Освен традиционалните мотиви, на униформите ја има и Ајфеловата кула како и олимпискиот оган.
Според Монголскиот олимписки комитет биле потребни по околу 20 часа за изработка на секоја од униформите, но очигледно дека трудот се исплател бидејќи тие станаа вистински хит на социјалните мрежи, каде што корисниците се воодушевени од дизајнот.
Оваа година Монголија ќе настапи со повеќе од 30 спортисти на Олимписките игри кои започнуваат на 26 јули во Париз. Тие ќе се натпреваруваат во девет различни спортови, вклучувајќи велосипедизам, стрелаштво и борење.