Монблан се намалува поради климатските промени и топење на мразот

Истражување покажува дека врвот на Монблан постепено губи на висина поради топење на глечерите, како последица на климатските промени.

Врвот на Монблан, највисоката планина во Европа, почнува постепено да губи од висината поради топење на мразот, покажува ново италијанско-француско истражување, објавено по повод Меѓународната година на заштита на глечерите.

Монблан моментално се наоѓа на висина од 4.807,3 метри, но податоците добиени со современи методи на мерење укажуваат на можен тренд на намалување на висината.

Истражувањето е спроведено од Планинската фондација Курмајер, во соработка со Универзитетот Савоја Монблан. Научниците со помош на дронови, далечинско мерење и георадар точно ја одредиле „нултата точка“ на највисокиот врв и ја измериле дебелината на слојот мраз под површината, кој изнесува околу 20 до 25 метри.

Фабрицио Троило, координатор на истражувањето, истакнува дека добиените податоци сугерираат дека во последните години можеби започнал постепен тренд на спуштање и намалување на висината на врвот.

Истражувачите предупредуваат дека топењето на мразот на Монблан е уште еден јасен индикатор за влијанието на климатските промени, кои не заобиколуваат ниту највисоките и наизглед најстабилните планински масиви во Европа.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни