Центарот за управување со кризи информира дека има активни пожари на териториите на о Општина Долнени с.Долгаец (мешана шума), два се ставени под контрола на подрачјето Јасен (мешана шума); и во Општина Гевгелија на планината Кожуф (висока шума).
Вкупно 27 пожари имало во Македонија во текот на изминатото деноноќие како што известува ЦУК. Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Македонија имало вкупно 27 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, 2 се под контрола и изгаснати се 24 пожари.
Ова се локациите со изгаснати пожари: Општина Шуто Оризари: с.Визбегово (ѓубре); Општина Ѓорче Петров: с.Никиштани (сува трева); Општина Бутел: с.Љуботен (сува трева); Општина Сарај: с.Арнакија (сува трева); Општина Гази Баба: с.Стајковци (фолија и насад); Општина Студеничани Марков Рид (сува трева); Општина Студеничани с.Драчевица (мешана шума и сува трева); Општина Прилеп с.Мажучиште (сува трева); Општина Прилеп Градски гробишта (сува трева); Општина Крушево: с.Пресил (сува трева); Општина Радовиш: Радовиш (сува трева); Општина Василево: с.Василево (сува трева, трска и депонија); Општина Босилово: с.Моноспитово (сува трева и бандера); Општина Струга: с.Долна Белица (депонија); Општина Велес с.Мамутчево (сува трева); Општина Велес с.Клуковец – с.Баница (сува трева); Општина Зрновци: с.Зрновци (дива депонија); Општина Чешиново-Облешево: с.Теранци – с.Видовиште (стрниште, прнар и сува трева); Општина Куманово: кај Железничка станица (сува трева); Oпштина Липково: с.Опае – с.Ваксинце (сува трева и стрниште); Општина Тетово кај пругата во Тетово (ѓубриште); Општина Тетово на влез во Тетово (отпад); Општина Желино с.Палатица (сува трева); Општина Желино пат с.Желино – с.Сиричино (дива депонија).