„Момчето со куферот“ од Србија најдобра на фестивалот „Игор Маџиров

Претставата „Момчето со куферот“ на Малиот театар „Душко Радовиќ“ од Србија ја освои Гран при на 2. издание не Интернационалниот фестивал на детски театри „Игор Маџиров“, што беше затворен синоќа. Претседателот на комисијата Тин Грабнар, режисер од Словенија и членовите: театрологот Миливоје Млаѓеновиќ од Србија и актерот Драган Довлев, во образложението пишуваат:

– Оваа возбудлива драмска приказна со актуелна содржина и сценски јазик и еруптивна актерска енергија, остава силен впечаток на сите генерации.

Наградата за најдобра режија беше доделена на Дамјан Кецојевиќ за истоимената претстава. Од оваа претстава наградени се и актерите Јелена Илиќ и Недим Незировиќ за најдобри оставарувања.

Наградата за најдобра сценографија е доделена на претставата „Шумата од песни“ во режија на Петер Кус, а во изведба на „Кускус“ институтот, Арт продукција од Љубљана, Словенија. Наградата за најдобри костимографија се доделува на Маја Мирковиќ, костимограф на претставата „Момчето со куферот“ во изведба на Мал театар „Душко Радовиќ“, Белград, Србија.

Специјалната награда за музика од жири комисијата отиде во рацете на Петер Кус, за претставата „Шумата од песни“. Жирито додели уште две специјални награди за севкупност на естетскиот израз на претставата „Бамби“ во режија на Јакуб Максимов, а во изведба на Театарот за деца и млади од Крагуевац, Србија и уште една специјална награда за имагинативно куклено мислење на претставата „ERROR 404“ во режија на Вагнер и Хулио Гало, а во изведба на театарот „Анхелес де трапо“ од Малага, Шпанија.

Годинава за прв пат беше доделена Наградата за најдобра претстава од членовите на детското жири во состав: Тара Поповска, Уна Силјановска, Теофил Сачкарски, Неда Блажевска, Саша Димитриевска, Максим Ѓорѓиевски. Според нив, најдобра претстава на фестивалот е „Момчето со куферот“ во режија на Дамјан Кецоејевиќ, а во изведба на Мал театар „Душко Радовиќ“ од Белград, Србија.
Фестивалот годинава се одржа од 27 до 30 септември, под покровителство на претседателот и со финансиска поддршка од Министерството за култура.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни