Момчето имаше преслатка реакција кога го виде својот брат за прв пат, видеото ќе ви го стопи срцето

Корисниците на Инстаграм беа воодушевени од видеото на малото момче Чарли и неговата реакција кога првпат се сретна со својот помлад брат Вокер. Сè снимила тетката на момчето, која подоцна го споделила видеото на заедничкиот профил кој го дели со нејзините две сестри.

Во видеото, Чарли потпрен на прозорецот ги чека родителите, а кога го препознава нивниот автомобил почнува возбудено да вика и да шета во кругови. Малото момче не можеше да ја сокрие радоста што неговите родители се вратија, но и што конечно дојде и неговиот помал брат. Кога Вокер конечно пристигнал во куќата, Чарли не можел да престане да го гледа.

Видеото од објавувањето доби повеќе од три милиони лајкови на Инстаграм, а многумина беа воодушевени од преслаткото момче.

Извор: ТикТок

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни