Момче од Русија било на летен камп во Северна Кореја: Полиравме статуии и игравме игра каде ја уништувавме Белата куќа

Дури и за локалците, патувањето низ изолираната Северна Кореја е ограничено. Но, организирањето на патување било многу полесно за едно момче од Русија, Јури Фролов, кој поминал две недели во Северна Кореја како средношколец во 2015 и 2016 година.

Фасцинацијата на Јури со Северна Кореја започнала откако гледал документарна програма која ја прикажало земјата како под опсада од капиталистичките соседи, поради што му се развило љубопитсво да се приклучи на групата „Солидарност со Северна Кореја“ на ВКонтакте.

Преку оваа група тој ја открил можноста дека може да учествува на меѓународниот детски камп Сонгдовон во Вонсан, на источниот брег од Северна Кореја. За 15-дневното патување требало да плати околу 500 долари. Неговите родители се согласиле, а тој патувал сам од Санкт Петербург до Владивосток, каде што се приклучил на останатите деца и на функционери од Комунистичката партија.

Откако пристигнал на кампот во 2015 година, тој бил пријателски примен, а како што открива Јури во кампот имало деца од Лаос, Нигери, Танзаниа и Кина. Сепак, интеракцијата со децата од Северна Кореја била ограничена само на последниот ден, за да се спречи размена на вистински искуства.

Кампот нудел типични летни активности како одење на плажа, правење замоци од песок и слично. Камперите морало да стануваат во 6 наутро и да чистат статуи од поранешните севернокорејски лидери Ким Ил Сунг и Ким Јонг Ил, иако професионалци се грижеле за спомениците.

Една од побизарните активности на кампот била компјутерска игра во која играчите, како стаорец во тенк, требало да ја уништат Белата куќа.

И покрај силната пропаганда, сепак Фролов останал скептичен. Строгиот распоред го нервирал, особено бидејќи не му било дозволено да ги пропушти утринските вежби иако се разболел. Храната на кампот била друг предизвик и се состоела најмногу од ориз, компир и леб, поради што тој ослабнал пет килограми за 15 дена.

Тој исто така се сеќава на еден инцидент во Пјонгјанг каде што некое девојче имало американско знаме во центарот на градот.

„Интересно е што никој не беше нервозен со неа, иако ѝ рекоа дека веќе не смее да го носи. Тоа беше бизарен момент во така контролирана средина“ вели Јури.

Тој раскажува дека многу од работите кои ги видел изгледале лажни, особено зградите за наука и иновации.

„Тие не беа убедливи дури ни за дете. Сепак, не беше ужасно искуство, само ми беше досадно. Освен што немаше интернет, не беше ништо поразлично од руски камп за деца“ вели Јури.

И покрај строгоста и замерките, тој се вратил на кампот и следната година поради организацијата од Комунистичката партија и поради тоа што не сакал конфронтации.

Од денешен аспект, посетите во Северна Кореја му изгледаат смешно, но сепак е задоволен што има уникатни приказни кои може да ги сподели за оваа земја.

Неговите исксутва даваат редок приказ во искуствата на странските деца во летен камп во Северна Кореја, покажувајќи ги обидите на оваа изолирана држава да ги индоктринира младите преку мешавина од културна размена и пропаганда.

Фото: Јури Фролов

Извор: Си-Ен-Ен

Најново

Последни колумни