Момче на интересен и необичен начин се збогуваше со цуцлата: Видеото е вирален хит

Одвикнувањето на детето од цуцла не е лесна задача. Родителите смислуваат разни идеи за полесно да се одвојат децата од цуцлата, па ги закопуваат во земја или ги „остануваат на добрата самовила“.

Но, неодамна на социјалните мрежи се шири нов трик. Родителите врзуваат шарени балони за цуцлата, а кога детето е подготвено да ја ослободи цуцлата од устата, таа лета кон небото.

Истото го направиле и родителите на едно момче, а видеото на кое тоа се збогува со цуцлата стана вирална.

Откако ја пуштил цуцлата, ја гледал како се качува до небото. Иако на многу луѓе сцената им е симпатична, некои тврдат дека таа всушност е многу стресна за детето.

Извро: ТикТок

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни