Вчера во 19 часот на градскиот плоштад Гаврил Лесновски во Пробиштип граѓаните на овој град оддадоа почит и палеа свеќи за нивните загинати сограѓани од Пробиштип Матеј, Никола и Тоше, но и за сите останати којшто ги изгубија своите животи во трагедијата во Кочани.



Маршот започна од градската болница Здравствен дом “Нада Михајлова” па се до плоштадот, на него присуствуваа соученици и сограѓани на загинатите.