Моќен природен напиток за детоксикација на организмот

Комбинација од природни состојки што го поттикнува метаболизмот и ја поддржува функцијата на црниот дроб

Детоксикацијата на организмот не мора да значи ригорозни режими или екстремни диети. Според нутриционистите, повремено олеснување на дигестивниот систем и поддршка на функцијата на црниот дроб може да придонесе за подобро општо чувство и поефикасно функционирање на телото.

Еден од најчесто споделуваните природни рецепти за поддршка на детокс процесите вклучува комбинација од лимон, грејпфрут, ѓумбир и лук – состојки познати по своите антиоксидативни и противвоспалителни својства. Овој напиток не се препорачува како „чудотворно решение“, туку дополнување на балансирана исхрана и здрав начин на живот.

Комбинацијата од цитрусни плодови, свеж ѓумбир и лук создава силна нутритивна синергија. Лимонот и грејпфрутот се богати со витамин Ц и придонесуваат за поддршка на имуниот систем, ѓумбирот помага во варењето и може да го поттикне метаболизмот, додека лукот е познат по своите антимикробни својства. Нането дополнително го освежува вкусот, а лененото масло обезбедува корисни омега-3 масни киселини.

Начин на подготовка:

Потребни ви се следниве состојки: 6 лимони, 3 грејпфрута, корен од ѓумбир или 5 лажици ѓумбир во прав, 4 чешниња лук, неколку листови свежо нане, ленено масло и ким во прав.

Сокот од лимоните и грејпфрутите се цеди и се става во поголем сад. Во блендер се додаваат ѓумбирот, лукот и листовите нане и се блендираат до добивање густа смеса. Смесата се процедува и добиениот сок се меша со цитрусниот сок. Потоа се додава водата, кимот и лененото масло и сè се меша додека не се добие хомогена течност.

Како се консумира:

Напитокот се пие на празен желудник, веднаш по будење, два до три пати неделно. Остатокот може да се чува во стаклено шише во фрижидер. Во текот на денот се препорачува зголемен внес на вода и лесна исхрана.

Важно е да се нагласи дека лицата со хронични заболувања, гастроинтестинални проблеми или оние што земаат терапија, треба претходно да се консултираат со лекар пред да започнат каков било детокс режим.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни