На средбата во Лима, која се одржа пред неколку години во Перу, МОК објави дека добитник за Летните олимписки игри е главниот град на филмската индустрија.
Градот Лос Анџелес верува дека поради постојната инфраструктура ќе ги избегне баснословните трошоци што последниве децении го следат организирањето Олимпијадите.

Според тимот на Лос Анџелес во градот веќе постојат или привремено ќе бидат поставени 97% од потребните терени и сали. Тие очекуваат трошокот за организација да изнесува 5,3 милијарди долари кои ќе бидат покриени од спонзорства, продажба на влезници и останати приходи.
.Лос Анџелес проблемот со олимпиското село ќе го решава со адаптација на кампусот на Универзитетот Калифорнија, Лос Анџелес, за што имаат наведено трошок од 33,6 милиони долари.
Лос Анџелес конечно им носи Олимпијада на САД по неуспешните номинации на Њујорк за 2012 и Чикаго за 2016.