Грција организираше специјален лет за евакуација со кој беа пренесени десетици кучиња и мачки заедно со нивните сопственици, кои со недели биле заглавени на Блискиот Исток поради актуелниот конфликт во регионот.
Со летот од Абу Даби во Обединети Арапски Емирати пристигнаа 45 домашни миленици и 101 патник во Атина. Во организација на грчките власти, летот овозможи безбедно враќање на граѓаните кои не можеле да најдат алтернативни опции поради ограничувањата во воздушниот сообраќај.
Емоционални сцени се случуваа на аеродромот во Атина, каде што малите кучиња радосно реагираа веднаш по излегувањето од нивните транспортни кафези.
Според Министерството за внатрешни работи на Грција,„Нашите миленици не се багаж, тие се дел од нашите семејства“, истакна тој, додавајќи дека целта била безбедно враќање и на луѓето и на животните. изјави дека повеќе институции соработувале за да се овозможи оваа операција.
„Нашите миленици не се багаж, тие се дел од нашите семејства“, истакна тој, додавајќи дека целта била безбедно враќање и на луѓето и на животните.
Конфликтот меѓу Израел и Иран сериозно го наруши воздушниот сообраќај во регионот, при што повеќе земји беа принудени да ги затворат своите воздушни простори и да откажат илјадници летови.
Патниците кои учествуваа во евакуацијата опишаа дека било исклучително тешко да се најде лет кој дозволува транспорт на животни, особено во кабина или во товарниот дел.
За Данаи Кукуломати, која патувала со својата мачка Муаи Тај, не постоела опција да го остави миленикот зад себе. Таа истакна дека нејзината мачка е дел од семејството и дека разделба не доаѓала предвид.
Друг патник, Александра Папајанис, која живее во Дубаи, пристигнала со своето куче Сиртаки, како и со друго куче за пријател. Таа исто така нагласи дека милениците се составен дел од семејството, особено во вакви тешки околности.
За Марија Теохари, напуштањето на Дубаи без нејзиното куче Матис било незамисливо. Таа порача дека миленикот го смета исто како сопствено дете и дека не прави разлика меѓу децата и животните во семејството.
Превземено од Euronews