„Моите херои“ – изложба на десетгодишната Јана Иванова

Јана во изминатиот месец со истата поставка се претстави во Младинскиот центар „Матично” и на Филозофскиот факултет во Скопје


По повод 1 Јуни, Меѓународниот ден на детето, во Домот на културата во населбата Ѓорче Петров во Скопје, на 02.06. (понеделник) во 11 часот ќе биде отворена изложбата на цртежи насловена „Моите херои” на Јана  Иванова (10 години).

Ова е трето ликовно претставување на Јана која, изминатиот месец со истата поставка се претстави во Младинскиот центар „Матично” и на Филозофскиот факултет во Скопје.       

Со своите бравурозни прикази на своите јунаци кои катадневно ги набљудува во цртаните филмови и својот таблет, младата уметница го привлече вниманието на ликовната публика, во прв ред со својот цртеж, изведен најчесто со еден потег и без дополнителни детали.

Изложбата ќе биде отворена до 10.06.2025 год.  

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни