МОФ отвора повик за студенти за пријавување во студентски дебатни клубови

По долгогодишна пауза, Младински образовен форум (МОФ) повторно нуди можност за Универзитетско дебатно искуство во рамки на Дебатната програма на организацијата.

Под слоганот „Отвори го умот за нови перспективи, Приклучи се во дебатниот клуб на Младински образовен форум!“, МОФ отвора повик за пријавување во студентски дебатни клубови кои ќе се формираат на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Филозофскиот факултет и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

МОФ ќе организира обуки, кои ќе бидат бесплатни и отворени за студенти на факултите од целата држава. Дебатните клубови ќе го следат British Parliamentary (BP) дебатниот формат или Британска парламентарна дебата – универзитески формат кој е најчесто дебатиран во светски рамки.

Обуките ќе се одржуваат во текот на летниот семестар на учебната 2023/2024 година, а по завршувањето на предавањата, сите студенти ќе имаат можност да учествуваат на Национален студентски дебатен турнир.

Сите заинтересирани студенти може да се пријават до 15-ти февруари 2024 година со пополнување на формуларот достапен на овој линк.

Сите пријавени ќе бидат контактирани телефонски за дополнителни информации околу програмата и отпочнувањето на предавањата.

Целиот повик е достапен на наведениот линк подолу.

Отвори го умот за нови перспективи: Приклучи се во студентски дебатен клуб!

Оваа активност е дел од проектот „Практикувај демократија“, спроведуван од Фондацијата за демократија на Вестминстер, а финансиран од Британската амбасада во Скопје.

Најново

Последни колумни