Модриќ настапил во повеќе од половина од натпреварите на Хрватска во историјата

Во вторникот против Полска, хрватскиот фудбалски репрезентативец Лука Модриќ го одигра својот 182. натпревар за Хрватска, односно фудбалерот настапил на повеќе од 50 отсто од сите натпревари на неговата репрезентација.

Од осамостојувањето, хрватската фудбалска репрезентација одиграла вкупно 363 натпревари, а Модриќ со синоќешните 90 минути одиграни во Варшава одиграл 182 од нив, со што постигна неверојатен подвиг.

Инаку, 39-годишниот Модриќ на претходниот натпревар против Шкотска во Загреб го престигна Серхио Рамос (180), со што се проби до второто место меѓу европските играчи со најмногу настапи за репрезентациите. На врвот е недопирливиот Кристијано Роналдо со 215 настапи за Португалија.

Модриќ дебитираше за хрватската репрезентација на 1 март 2006 година на пријателскиот натпревар против Аргентина во Базел, во кој Хрватска победи со 3:2.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни