Модриќ веќе некое време е доста активен надвор од светот на фудбалот, размислувајќи и делувајќи на повеќе аспекти. Тој успешно го шири брендот што го изгради далеку од фудбалските терени.
Најмногу се издвојуваат недвижностите и неговата семејна компанија Modric Family SL, која е основана пред четири години, а во која Лука неодамна инвестираше 22 милиони евра.
Најновата инвестиција на Модриќ, пиварата Zeppelin Craft е позната по производството на врвни непастеризирани и нефилтрирани занаетчиски пива, кои редовно добиваат оценки за најдобар квалитет. Наскоро, пиварница треба да лансира пиво инспирирано од капетанот.
Инаку, градоначалникот на Бјеловар, Дарио Хребак е воодушевен од инвестицијата на Модриќ.
„Знам за ова веќе неколку месеци. Сега е и официјално. Му честитам на тимот за одличното пиво „Zeppelin Craft Brewery“, кое лично ми е омилено и едно од најдобрите во Хрватска. Нека им е со среќа на новите сопственици, а нашата зона Велико Кореново ќе биде подготвена за потенцијално проширување на пиварницата и нови инвестиции“, рече Хребак.