Модното студио „Алшар“ со колекција во чест на MTV

Зимската колекција “I Want my MTV” на Алшар директно инспирирана од музичките спотови од осумдесетите години

Славниот музички канал MTV од 1 јануари престанува со емитување програма, а тоа стана и повод модното студио Алшар на Силвија Мијаловска да издаде нова колекција посветена токму на овој светски познат медиу,/

„Музиката одсекогаш била важен дел од мојот живот, а MTV ги обележа моите тинејџерски години во осумедестите. Зимската колекција “I Want my MTV” на Алшар е посветена токму на овој период од мојот живот и директно е инспирирана од музичките спотови од осумдесетите години, како на пример Depeche Mode, Banananarama, Madonna, Sade, Duran Duran, Spandau Ballet… Самото име на колекцијата е извадено од песната на Dire Straits, a ја пее Sting, со чие видео е започнато емитувањето на МТV Europe“ вели Михајловска.

Таа додава дека колекцијата има 22 изгледи во неколку бои- црна, црвена, сива и циклама.

„Кроевите се типични за модата од осумдесетите, но, со мој стилски печат. Како основа, ги користив највпечатливите рефренци на модата од тоа време : “лептир“ ракави, нагласени раменици, панк елементи (нитни, метални патенти и копчиња) кои се секогаш присутни во моите колекции како и за мене најтипичната комбинација на бои од тоа време – циклама и црна. Внимавав овие детали да не бидат пренагласени и креациите да бидат согласни со сегашните модни трендови. Користев материјали како: фини памучни и волнени штофови, кадифе и чипка“ поосчува дизајнерката.

Ова е прв дел од колекцијата, која на некој начин ќе се продолжи и за пролетната колекција на Алшар. За колекцијата направена е фото-сесија со моделот Ана Ежова, make-up Виктор Мирчевски и фотографии Силвија Михајловска

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни