Водителките на „Евровизија“ – Хејзел Бругер и Сандра Студер избраа прилично впечатливи модни изданија за двете полуфинални вечери… Но, синоќешниот изглед посебно ги направи мета на хумористични коментари на интернет-просторот, објави порталот „Кликс“.
„И, наградата за најлоша облека во историјата, носена од водители на ‘Евровизија’, оди кај #музичкиот фестивал #Евровизија2025“, гласи една објава.
Во првото полуфинале водителките носеа неонски зелен костум и сино одело со шарени детали… Но, синоќа и двете носеа облека од рециклирани материјали, а публиката беше особено шокирана од изданието на Хејзел Бругер, која се појави во сребрен фустан покриен со огромни светки. Ниту облеката на Сандра Студер не се разликуваше многу од тоа, бидејќи таа беше во хеланки со светки и јакна – исто така украсена со големи светки.
Поради сѐ тоа, меѓу другото, се наоѓаат и хумористични споредби со ликови од „Симпсонови“, со рибите и нивните крлушки итн. обожавателите на континенталниот музички настан веќе ги нарекуваат „најлошо облечени водителки на ‘Евровизија’“ досега.