Модната дизајнерка Ајрис Апфел почина на 102 години

Американската дизајнерка и модна икона Ајрис Апфел почина на 102 години.

Самнаречената „геријатриска старлета“ беше позната по нејзината препознатлива кратка бела коса, големи очила, светлиот кармин и впечатливиот накит.

Апфел својата слава ја достигна во 1980-тите и 1990-тите, а беше познато лице на модните недели во Париз повеќе од половина век.

Веста за нејзината смрт беше објавена пред речиси три милиони следбеници на нејзиниот Инстаграм профил, со нејзината фотографија со огромните очила за гледање.

Американскиот дизајнер Томи Хилфигер беше меѓу оние кои оддадоа почит на Апфел како „иноватор и лидер“ во светот на модата и стилот, кој „ќе остане во историјата“.

Апфел е родена во еврејско семејство во 1921 година. Таа студирала историја на уметност, а специјализирала внатрешен дизајн. Со децении работела како внатрешен дизајнер, вклучително и на проекти за реставрација на Белата куќа, пред да стане инфлуенсерка во нејзините осумдесетти години и професионален модел на 97 години.

Во 2014 година режисерот Албер Мајлес го сними документарниот филм за неа, „Ајрис“. Во 2015, таа за „Би-Би-Си“ изјави дека облекувањето треба да биде „забавно“ и дека е „шанса за поигрување со облеката“.

Извор: https://www.bbc.com/news/world-us-canada-68455510

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни