Вечерва 31 октомври, СЦ „Јане Сандански“ ќе пулсира со смеа, живот и уметност!
Секој момент ќе биде спомен, секоја насмевка, мост меѓу луѓето.
Вратите се отвораат во 20:00, настанот почнува од 21:00.
,,Како специјални гости, овојпат од Австралија сигурно доаѓаат Stojanoski Brothers, како и Моторџијата, Кломпарот, Битолчанката, Жане…а, тука за вас ќе бидат и нашите драги гости, Павле и Боцо” велат организаторите.
Модернизам и ренесанса е Инстаграм инфлуенсер кој се прослави преку видеа каде прави сатира на македонското општество преку различни ликови од различни социјални карактери.
 
				 
				 
								 
								 
								 
								