„Модерна традиција“ од Филип Фидановски во Музејот на Град Скопје

Во Музејот на Град Скопје утре денес во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Модерна традиција“ од Филип Фидановски. Гостин на изложбата, која се реализира во рамките на „Скопско лето 2024“, е Марјана Костојчиноска-Узунчева.

Изложбата „Модерна традиција“ претставува спој на традиционалната грнчарија, која е автентична за македонската традиција, и нејзиното трансформирање во модерен визуелен стил со авторски пристап на уметникот. Со оваа изложба, вниманието се насочува кон зачувувањето на традиционалниот грнчарски занает, кој е во ризик од исчезнување, и ја илустрира умешноста на авторот преку неговото сликарство во керамиката, кое се смета за една посебна и уникатна дисциплина во керамичката уметност.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни