Моден стил за пролет 2025 број еден: Еве како да постигнете урбан стил и секојпат да се чувствувате убаво

Модата повеќе не бара жртви и тоа само благодарение на тоа што спортскиот стил влезе на голема врата. Заборавете на неудобните салонки и чевли кои го отежнуваат прошетката низ градската гужва – патиките се број 1 моден стил за пролет 2025 година.

Денес спортот не е само начин да се одржи кондицијата, тој е култ кој го диктира ритамот на животот на една модерна девојка. Жените стануваат во зората, ги облекуваат најмодерните спортски чевли, облекуваат хеланки и блузи и одат во теретана на утрински тренинг или самоуверено трчаат низ градските улици. И тоа не е жртва, тоа е уживање во себе.

Дама што седи во кафуле и пие нес после тренинг, додека до неа лежерно стои спортска торба со опрема за тренирање е попривлечна од жена облечена во капут и француска беретка.

Трендот на спортски стил стана толку вкоренет во модата што неговото влијание може да се види во секоја ситуација. На радост на сите жени, денес можете да носите патики со одела, фустани, макси и миди здолништа… Ретро патиките на Адидас, кои некогаш всушност се носеа за боречки вештини, сега се носат со одела и палта. Можете да носите патики секаде и во секоја пригода, и тоа не било какви, туку стилски, statement модели: Puma, Fila, Nike…

Пет модели на патики во кои ќе бидете забележани оваа пролет, а вашиот чекор ќе биде лесен и жив:

1. Црвено-бели Vty патики, ретро стил

Облечете сиво одело со црвен топ, Vty патики, мала црвена чанта и подготвени сте за работа и за прошетка низ градот. Додадете на тоа пар елегантни очила и нема кој нема да ве забележи.

2. Адидас сини патики со розови детали

Идеални за променливо време, овие адидас патики можете да ги комбинирате со миди течно морнарско здолниште, розова блуза и морнарско сако. Вака стилизирани, ќе бидете врвни цел ден, додека вашиот чекор ќе биде лесен и жив до доцните часови.

3. Фила бели патики на платформа

Фармерки со широки ногавици, бели патики на платформа Фила, памучна бела маичка и кожна јакна – тоа е комбинацијата што ви треба оваа пролет.

4. Бафало буци патики Патики кои испраќаат само една порака – да живее спортскиот стил. Патиките Buffalo Chunky можете да ги комбинирате со се, но најдобро одговараат со црни хеланки, широк дуксер и голема чанта. Вака облечена жена испраќа порака: „Тука сум и ништо не може да ме изненади“.

5. Nike патики за трчање

Без разлика дали вежбате во теретана, џогирате или брзо одите, на вашите стапала им требаат удобни Nike тренери со ѓон што ги поддржува вашите зглобови и нозе.

Значи, ако сè уште мислите дека спортската облека е само за удобност, преиспитајте ги вашите ставови. Спортските чевли се задолжителни денес, број 1 моден стил за пролетта 2025 година!

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни