Моделите беа внимателно дизајнирани, вклучувајќи оригинални везови од крајот на 18-тиот и почетокот на 19-тиот век, прилагодени на модерни силуети. Колекцијата претстави десет уникатни модели, кои го спојуваа традиционалното и современото. На крајот од настанот, гостите имаа можност да ги разгледаат моделите и да уживаат во вечерниот коктел во дворот на музејот.
Настанот беше поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и имаше за цел зачувување и презентација на македонското модно наследство пред новите генерации.