Моден перформанс „ЕТНО 3/4“ ја претстави битолската традиција во модерен контекст

Во Пациото на Завод и музеј Битола, беше одржан ексклузивниот моден перформанс „ЕТНО 3/4“, кој ја презентираше традицијата на битолската мода преку современи креации. Настанот, кој привлече големо внимание, ги претстави дизајните на Јасмина Василевски, креаторка на брендот „3/4 by Јasmina“. Колекцијата се базираше на три главни модни влијанија: европската елеганција „А ла Франка“, ориенталниот раскош „А ла Турка“ и етно стиловите длабоко вкоренети во македонската традиција.

Моделите беа внимателно дизајнирани, вклучувајќи оригинални везови од крајот на 18-тиот и почетокот на 19-тиот век, прилагодени на модерни силуети. Колекцијата претстави десет уникатни модели, кои го спојуваа традиционалното и современото. На крајот од настанот, гостите имаа можност да ги разгледаат моделите и да уживаат во вечерниот коктел во дворот на музејот.

Настанот беше поддржан од Министерството за култура на Република Македонија и имаше за цел зачувување и презентација на македонското модно наследство пред новите генерации.

Најново

Последни колумни