Втората вечер на Fashion Weekend Skopje 32 ја редефинираше модата како поширок општествен систем, во кој креацијата, економијата и културната дипломатија се меѓусебно поврзани. Сто тоа убаво поврзано со вината на винаријата „Душа“ кои го донесоа спојот меѓу виното и модата.
Програмата започна со UNIBank Fin Talk, каде се отвори дискусија за финансиската писменост и улогата на контролата врз личните финансии како предуслов за слобода и креативен развој. Разговорот ги спои перспективите на дигиталната генерација, институциите и креативната индустрија, нагласувајќи дека вредноста се создава преку знаење и управување со ресурсите.


Потоа пистата им припадна на студентите од моден дизајн, кои преку експериментални и недовршени форми го прикажаа процесот на создавање нов авторски израз, ставајќи акцент на идејата наместо на финалниот производ.


Во рамки на проектот MISSION4WATER и нордиските соработки, се отвори и дискусија за микропластиката и одржливоста како системска пракса, а не тренд, со фокус на дизајнерски интервенции уште во почетната фаза на производството.

Изложбата „ЗЕЛЕНА И ОДРЖЛИВА МОДА: НОРДИСКО-БАЛТИЧКА ПРИКАЗНА“ ја заокружи вечерта како визуелен резултат на меѓународна соработка, отворајќи дијалог за одржливи практики и нови модели на дизајн.
Вечерта заврши со ревии кои ја потврдија новата насока на модата, како пресек на култура, економија, образование и политика, каде прашањето повеќе не е што носиме, туку што градиме.

Колекцијата „ORIGO“ на Роберт Иваносвки претставува интимен и концептуален дијалог со почетоците на неговото креативно патување, враќајќи се кон моментите кога модата првпат станала јазик на лична експресија. Преку повторно истражување на интуитивните форми, текстури и силуети што го обележале неговиот ран израз, колекцијата се движи помеѓу носталгија и современа интерпретација. Инспирирана од готска естетика, „ORIGO“ носи атмосфера на мистерија, воздржаност и тивка драматика, каде секое парче функционира како симбол на внатрешна состојба и емоционална археологија на авторот.


Ревијата Вртлог пак на „Терзија“ се издвојува како силна визуелна приказна каде традицијата и современиот дизајн се среќаваат во внимателно изграден сценски наратив. Колекцијата игра со препознатливи елементи инспирирани од наследството и занаетчиската изработка, но ги реинтерпретира низ современ крој, слоевитост и силна естетска дисциплина. На пистата, моделите не функционираат само како облека, туку како носители на културна меморија и нова урбана чувствителност, создавајќи баланс меѓу автентичност и модерна експресија. Ревијата остава впечаток на смислено раскажана приказна каде секој изглед е внимателно поставен дел од поширока концептуална целина.