Брендовите сега ја користат облеката за да промовираат отворање на дискусии за ментална благосостојбата, но се поставува прашањето дали e коректно или проблематично користењето на личните борби за продажба на облека?
Од пекари до книжарници, политички партии, па дури и поединечни автори, ја користат облеката за да ги промовираат своите производи, а на потрошувачите никогаш не им било полесно да ги истакнат своите културни ставови преку облеката што ја носат. Сега, нова категорија влезе во просторот на трговијата: менталното здравје.
Онлајн продавачите нудат блузони со пастелна и милениумска розова боја која делува смирувачки, со слогани од типот на „Менталното здравје е важно” или „Анксиозен/на сум, но сепак го правам тоа”. Други едноставно ги наведуваат брендовите на антидепресивите. Бестселерите на Etsy вклучуваат графички маици со слогани како „Депресивно е, но направи го тоа жешко” и „Оваа барби девојка зема Прозак”.
Во оваа акција се вклучуваат и врвните брендови. Еден од најпопуларните брендови за улична облека „Praying продава сив блузон кој чини 137 фунти и на него стои слоган „Ти си важен/важна, не се откажувај”, додека маичките на „Primark“ од 7 фунти „охрабруваат“ со изјави како „Опкружете се со луѓе кои носат добри вибрации”.
Неодамна, Стела Макартни лансираше чанта со ограничено издание, со зборовите на американската поетеса Клео Вејд: „Патот е долг, но ве води дома”. Тоа е дел од соработката помеѓу дизајнерката и застапникот за ментално здравје Дипак Чопра, кој се залага за терапија со коњи.
Додека темата на менталното здравје порано беше препуштена на тајните линии за помош и затворените лекарски канцеларии, сега истата е многу пошироко признаена и дискутирана. Хаштагот на TikTok, ментално здравје, е прегледан повеќе од 114 милијарди пати, при што корисници, некои со милиони следбеници, ги документираат своите „лоши денови“ и зборуваат за терапија.
„Овој тип на облека може да отвори разговор“, вели психологот д-р Одри Танг. „На ист начин, сината значка ви овозможува да паркирате во простор за лица со посебни потреби, носењето ваков тип на облека претставува начин да се изразите и им помага на другите да имаат подобар увид за тоа како се чувствувате”.
„Многу луѓе се справуваат со проблемите со менталното здравје преку хумор”, додава Сара Расел, основач на продавницата Etsy Grocery Apparel, која меѓу другото продава маици со натписи од типот на „Жешките девојки земаат антидепресиви“. „Да се има нешто обично како маица која помага да се изрелативизира проблематичната психичка состојба, прави луѓето да сфатат дека не се сами во справувањето со неа”.
Тревис Баскин, кој е сопственик на брендот наречен Own Your Stigma, кој продава блузони со слогани како што се „Кафе, кучиња и ментално здравје“ и „Ги чувствувам сите чувства“, вели дека целта на брендот е да поттикне разговор. Изгледа дека тоа функционира: „Некој ја облече нашата маица на која пишува „Во ред е, да не биде во ред“ во автобус. Еден странец се приближи и почна да разговара со таа личност за состојбата во која се наоѓа. Тоа го нормализира проблемот“.
Визуелната привлечност на самата облека е исклучително важна. Светли бои и слогани, тоа е естетиката на социјалните мрежи. Пораките исто така поттикнуваат и интеракција преку лајкови и коментари, со сите елементи кои алгоритмот ги наградува.
Сето тоа докажува дека, како и сè друго, дури и психолошката благосостојба може да се комодифицира. Минатата година, во серијата посветена на шпекулирачките трендови за 2023 година, Retail Wire откри дека „Пораки ориентирани кон менталното здравје брзо стануваат добар влог за трговците на мало кои се грижат за потрошувачите од следната генерација“.
Како и да е, слично на начинот на кој носењето маица од ренесансна тура или носењето торба со името на вашите омилени прехрамбени или козметички производи, музичари, актери и слично, го означува не само вашето обожавање на истите, туку и вашиот културен капитал. Постои аргумент дека производот за ментално здравје има многу поголемо значење од емоционалната состојба. На ист начин говорот за терапија стана дел од секојдневниот лексикон. Се прашуваме дали овој пристап е редуктивен за оние кои имаат вистинско анксиозно растројство?
Танг тврди дека иако облеката со слоган може да поттикне разговор, сепак можеби нема да ги остави носителите опремени со способност да се справат со подлабок разговор околу неа. Таа, исто така, гледа проблеми со дефинирањето на себеси преку нечија ментална благосостојба. „Проблемот со менталното здравје е дијагноза и серија симптоми“, вели Танг. „Тоа не е ваш идентитет“.
Танг, исто така, забележува загриженост за луѓето кои носат производ со порака за менталното здравје за „секундарни придобивки“, велејќи: „Примарната добивка од откривањето на медицинска состојба или болест е лекувањето. Секундарната добивка е вниманието што доаѓа од него. Тоа е она „Дали сте добро?“ кое го добивате дури и од странци“.
Модата и менталното здравје имаат проблематично минато. Во 2001 година, Александар Меквин го постави своето шоу во простор што се чинеше дека имитира мобилна ќелија. („Вог” го опиша тоа како: „Дементни девојки, со болнички ленти за глава и голем број разновидни модни елементи, од извонредни здолништа од школки, до неверојатно шик коктел фустани во боја на бисер, се лизгаат и се влечкаат додека бескорисно се обидуваат да „летаат над кукавичното гнездо“)
Шест години подоцна, „Вог Италија” прикажа снимка на Стивен Мајзел со наслов „Super Mods Enter Rehab“, во кое беше вклучена и манекенката Лара Стоун која медицински сестри ја влечеа низ болнички ходник за на крај да ја затворат во ќелија.
Во 2019 година, ревијата на Гучи беше отворена со серија модели кои шетаа на подвижна лента облечени во парчиња облека кои наликуваа на лудачки кошули. Во непланиран протест, една од манекенките, Ајша Тан-Џонс, ги крена рацете, на кои беа испишани зборовите: „менталното здравје не е мода”.
Потоа, таа објави изјава на Инстаграм: „Презентирањето на психолошките борби како реквизити за продажба на облека во денешната капиталистичка клима е вулгарно, неимагинативно и навредливо за милиони луѓе ширум светот погодени од овие проблеми”.
Се поставува прашањето дали комодификацијата на менталното здравје е редуктивна? Сара Расел вели дека не би била изненадена доколку забележи дека клиентите купуваат производи со медицинска тематика без да ги искусат условите. „Но, мислам дека никој нема да оди кај својот лекар и да каже: „Го сакам овој лек затоа што го видов на маица”- вели таа.
Извор:https://www.theguardian.com/