Модриот патлиџан е зеленчук кој често се занемарува, а всушност е многу хранлив и корисен за здравјето. Богат со растителни влакна, витамини и минерали, патлиџанот е одличен додаток на дневната или неделната исхрана и може позитивно да влијае на повеќе аспекти од здравјето. Во продолжение ви ги претставуваме три најважни придобивки од овј зеленчук.
Помага во намалување на холестеролот
Една од најголемите придобивки од патлиџанот е неговата способност да го намалува нивото на „лошиот“ ЛДЛ холестерол во крвта. Тој содржи растворливи влакна кои го намалуваат апсорбирањето на холестерол во дигестивниот систем. Истражувањата покажуваат дека редовната консумација може да придонесе за подобро срцево здравје и здравје на крвните садови.
Богат е со антиоксиданти
Патлиџанот е одличен извор на антиоксиданси, особено насунин – моќен антиоксиданс кој се наоѓа во неговата темновиолетова кора. Насунин штити од оксидативен стрес, ја намалува штетата на клетките и може да помогне во превенција на хронични заболувања како рак, срцеви болести и невродегенеративни нарушувања.
Помага при контрола на телесната тежина
Поради високата содржина на влакна и нискиот број калории, модриот патлиџан е идеален за оние што сакаат да ја контролираат својата тежина. Влакната создаваат чувство на ситост, што може да го намали внесот на храна. Исто така, содржи и многу вода, што придонесува за хидратација и дополнително чувство на ситост.