Моќните жени на „Манаки“: Бојана Андриќ

Oд моќните жени на „Манаки“, фестивалот неделава ја претставува Бојана Андриќ, една од најистакнатите српски кинематограферки, која повеќе од две децении неуморно работи врз збогатување на српската филмска и телевизиска продукција со значајни и впечатливи остварувања. Потпретседателка е на Српското друштво на кинематографери САС. Ко-потпретседателка е на Меѓународната федерација на кинематографери ИМАГО. Составен дел е од Комитетот за диверзитет и инклузивност на ИМАГО и полноправна членка на Техничкиот комитет на ИМАГО, ИТЦ. Нејзиното досегашно портфолио вбројува разновидни остварувања од сите можни филмски, видео и ТВ-формати.

Од играните филмови може да се издвојат: комедијата „Малиот Буда“ / „Mali Budo“ (2014), акционата мелодрама со комични сцени „Есенски самураи“ / „Jesen samuraja“ (2016), филмот за созревање „Сечи“ / „REŽI“ (2019), трилерот „Во потрага по дивјаците“ / „Trag divljači“ (2022), а моментално работи врз психолошкиот трилер „Следи ме“ и врз екранизацијата на романот „Излет“ од 1957 година.

На трибината „Гласови што дават сила“, Бојана Андриќ истакна дека статистиката за бројот на балканските кинематограферки е сиромашна, односно дека од земјите во поранешна Југославија, Словенија нема ниту една кинематограферка, иста е ситуацијата и во Хрватска, во Босна и Херцеговина има две жени кои се телевизиски кинематограферки, во Србија има четири, а во Македонија две.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни