Моќните жени на „Манаки“

Секогаш кога зборуваме за жени кинематограферки, режисерки, се наметнува прашањето за мајчинството, како и за тоа, како успеваме да се грижиме за домот, за семејството. Но, каде се мажите во оваа приказна, одговорноста за сето ова ја имаат и тие

„Ме порасна самохрана мајка која ме научи да не се откажувам од своите соништа. Секогаш кога зборуваме за жени кинематограферки, режисерки, се наметнува прашањето за мајчинството, како и за тоа, како успеваме да се грижиме за домот, за семејството. Но, каде се мажите во оваа приказна, одговорноста за сето ова ја имаат и тие.„ Ова е една од приказните раскажани на вчерашниот настан „Моќните жени на `Манаки`“ кој се одржа во кино Битола, а на кој зборуваа жени кинематограферки од различни земји.

Инспиративни животни приказни споделија Алис Брукс, Ненси Шрајбер, Агниеска Селига, Клери Пијман, Брижит Гудјонсдотир, Кристина Новак, Тереза Медина и Она Менгес.

„Моето семјство беше многу сирмашно. Кога бев млада имав два сни, едниот – да станам кинематограферка и ми се исполни, пораснав на сет. Другиот сон ми беше да имам дете, сакав да бидам мајка. Имам ќерка која е радоста на мојот живот и која сега секаде доаѓа со мене. Работете за да ви се остварат соништата, кажа Алис Брукс.

Ненси Шрајбер рече дека е дипломиран психолог, но дека не сакала да го работи тоа.

„Почнав да работам како како електричар на сет, работев со режисерот, а не знаев ништо во во врска со тоа. Не е лесно за жените во тој свет. Но, благодарна сум што почнав како електричар, за да подоцна можам да одам на школа за филм, и еве ме овде после повеќе декади, и денеска се радувам кога снимам филм“, кажа Шрајбер.

Алис Брукс

Aгниеска Селига и Тереза Медина истакнаа дека морале да бидат креативни во услови на тешкотии во професионалнот живот, кој им бил исполнет со мажи. Им порача на младите секогаш да веруваат во себе и да не престануваат да сонуваат.

Клери Пијман кажа дека таа избрала школа за филм иако нејзините родители биле доктори.„Најпрво почнав да асистирам на сетови. Се прашував, како јас да почнам да снимам кога ова е машка професија. Со позајмени пари го направив мојот прв филм. Не жалам за ништо и се уште сакам да работам кинематографија“, кажа таа.

За родителите на Кристина Новак, школото за филм било шега, со оглед на фактот дека тие биле сосема нешто друго по професија.

„Сите ние имаме различни приказни, но имаме иста енергија со која се почитуваме. Ние сме како како семејство“, кажа Новак.

Кинематограферката Брижит Гудјонсдотир сподели дека била одгледана од самохрана мајка.

„Мајка ми работеше од утро до мрак. Таа ми беше пример и линост чии вредности ги следев низ животот. Подоцна и јас станав мајка, па ја носев и мојата ќерка на сетови. Почнав да работам како асистент во оваа индустрија. Кога видов дека Ненси Шрајбер е кинематограферка, потоа Алис, си реков, кога можат тие жени да го работат ова и да прават прекрасни филмови, можам и јас“, кажа Брижит.

Она Менгес сакала првично да работи како ветеринарка, но подоцна имала прилика да работи на филм, од каде што започнала нејзината професионална приказна.

„Знаете, кога треба да преживеете и да се грижите за ваше дете, ќе работите крваво за да успеете. Кога и да имам тешки моменти во животот или на сет, се потсетувам дека токму тоа ме расте и созрева и затоа сум благодарна за тоа“, кажа Менгес.

Некои од кинематограферките зборуваа и за менталното здравје, а неколкумина од нив работат и друга работа како план Б, во случај да немаат работа на филмски проекти. Така, Брижит рече дека е фриленс наставничка која го работи тоа кога нема симања.

„Најстресен период ми e кога немам работа меѓу филмови. Знаете, треба да јадеме и да плаќаме сметки секој ден. Имаме група за поддршка на менталното здравје, вежбам јога и наоѓам други начини да се справам со стресот“, кажа Медина.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни