Моќни жени за економска независност

На дискусијата ќе се разговара за сегашните и идните мерки и можности за вработување и финансиска независност на жени, достапни во нашата земја

Во четврток на 10 октомври во 13.30 часот во Хотел Мериот, во организација на Стела Нетворк, ќе се одржи панел дискусија „Премостување на јазот во економското зајакнување на жените и девојките во Северна Македонија: Достапни можности, мерки, предизвици и препораки“.

На дискусијата ќе се разговара за сегашните и идните мерки и можности за вработување и финансиска независност на жени, достапни во нашата земја.

Говорниците од институциите и граѓанскиот сектор ќе се фокусираат на економските предизвици со кои се соочуваат жените и девојките во нашето општество, вклучувајќи ги и жените од руралните средини, самохраните мајки и жените кои преживеале насилство.

,,Ќе ја акцентираме важноста на менторството, поддршката за развој на бизниси и кариерното советување за да им дадеме поголема независност на жените низ нивниот кариерен и професионален пат. Во рамки на дискусијата ќе промовираме и документ за јавни политики на оваа тема и модел за економско јакнење на жени кои преживеале насилство. Целта на дискусијата е да се направат долгорочни стратегии за подобрување на состојбата на жените и девојките при вработување и предизвиците со кои се соочуваат за да се бидеме сигурни дека во иднина ќе има еднакви можности за сите и подобрени политики што ќе водат кон економско јакнење на жените.

Панел дискусијата е во рамките на проектот „Застапување за економско омоќување на жените: Еднаков пристап до можностите за финансиско осамостојување“ поддржан од шведската Фондација Kvinna till Kvinna, имплементиран од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни