Тијана Ристовска е младински делегат на Македонија која имаше моќен говор на пленарната седница на 48 сесија на Конгресот на локални и регионални власти во Советот на Европа, во рамки на сесијата за локална и регионална демократија низ светот.
Нејзиното обраќање по повод трагедијата во Кочани и пораката до претставниците на Конгресот во Советот на Европа, дека сакаме систем без корупција ви го пренесуваме во целост:
„Почитуван претседавач, политувани делегати. На 16 март 2025 година, разорен пожар избувна во Кочани, Северна Македонија. Загубени се 59 млади животи, а над 150 се повредени. Причината? Корупција. Систем кој не успева да го заштити својот народ.
Но ова не е само трагедија на една земја. Тоа е реалноста на Западен Балкан. Како млад човек, често слушам дека демократијата е да гласаме, да протестираме и да ја избереме нашата иднина. Но што се случува кога младите повеќе не веруваат дека нивниот глас е важен? Кога нивните протести остануваат нечуени? Кога политика станува ништо повеќе од игра на политичко покровителство, корупција и лична корист?
Низ нашиот регион, политичките партии ја изгубија идеологијата, а владеењето е сведено на тоа кој ја има власта, наместо како се користи таа моќ. Ако демократијата навистина функционирше, оние што се на власт немаше да се плашат од тоа. Но кога лидерите гледаат на информирано и ангажирано општество како закана, а не како сила проблмот не е демократијата. Тоа е нивната неспособност да владеат со тоа.
Оваа нерамнотежа мора да се реши бидејќи човековите права можат вистински да постојат само кога законодавната извршната и судска власт се избалансирани и работат во хармионија.
Премногу често зборуваме за корупцијата како нешто далечно, нешто што се случува над нас. Но корупцијата не е само поткуп на високо ниво, тоа е во секојдневните кратенки, разменетите услуги и моментите кога дозволуваме системот да победи и велиме така функционираат работите. Не можеме да го прекинеме кругот само преку закани. И ако не се промениме, ниеден закон никогаш нема да биде доволен.
Западен Балкан го дели истото младинско учество, поларизирано опшетство и генерација која губи верба во демократијата. Ако не дејствуваме сега ќе останеме со водачи кои се случајни минувачи и демократија која постои само на име и на хартија.
Затоа мораме да го преработиме наративот. Затоа што политиката не е само партија. Политиката е одговорност. А политиката ако се прави правилно, сепак може да биде сила на доброто. Затоа да се обидеме да ја одржиме демократијата жива. Ајде да се осмелиме да веруваме дека може да работи. Ајде да се обидеме и само да се обидеме повторно да ја направиме политиката добар збор. Благoдарам.“