Програмите на 70-то Стеријно позорје ќе завршат утре со свечено доделување на наградите и музичка програма во чест на наградените.
Изоставувајќи бројни наративни текови, во режија на Егон Савин, претставата „Народен пратеник“ на Македонскиот народен театар од Скопјe, е сведена на 5 лика и формално поставена во еден чин .
Премиерно беше изведена во октомври лани по повод 80-годишнината од МНТ, а сега е во Нови Сад како дел од натпреварувачката селекција на Стеријно позорје.
Претставата ќе биде изведена и в среда на сцената Раша Павловиќ во Нарониот театар во Белград.
„Сметам дека Нушиќ не треба да се игра површно, Тој е писател со исклучителна сатиричка острица. јас и тоа се обидов да го заострам. Обично одам на радикален зафат. Овојпат тоа е на планот на формата, го скратив делото. Го направив едночинка, исфрлив улоги. Но, приказната во основа ја оставив, ги заострив односите во неа за да делува препознатилво на современата публика. Да можат да се идентификуваат. Да го препознаат современиот свет во светот на Нушиќ. Нушиќ е писател на карактери на комедија, на карактери на менталитет“, изјави трежисерот Савин за РТВ.