МНТ со „Народен непријател“ учествува на Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“

Фестивалската програма почна на 17 октомври и ќе трае до 25 октомври, а за Македонскиот народен театар ова е второ учество на овој фестивал.

Со претставата „Народен непријател“, Македонскиот народен театар вечер ќе биде дел од Интернационалните театарски средби „Брчко Дистрикт“ што се одржува во БиХ.

Претставата е од Хенрик Ибзен, а во режија на Нина Николиќ. Играат Никола Ристановски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Јана Вељановска, Ана Арсовска, Благој Веселинов, Петре Арсовски, Сашка Димитровска, Александар Михајловски, Нино Леви и Мартин Ѓоргоски.

Фестивалската програма ќе трае од 17 до 25 октомври, а за Македонскиот народен театар ова е второ учество на овој фестивал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни