МНТ со наградената претстава „Народен пратеник“ вечерва на сцена во Народниот театар – Белград

Сто и дваесет и девет години по праизведбата на „Народен пратеник“ и 101 година од неговото прво печатено издание, „Народен пратеник“ на Македонски народен театар вечерва игра во Народниот театар  – Белград.
Оваа прва комедија на Бранислав Нушиќ, во изведба на моќна актерска екипа и режисерски конципирана од страна на Егон Савин, по впечатливата и одлично забележана изведба на реномираниот фестивал и добиената специјална награда за колективна актерска игра од „Стериино позорје“ – вечерва во 20:30 часот игра на сцената „Раша Плаовиќ“ .
Силните впечатоци и импресиите што ги сподели новосадската публика и критиката за двете изведби се патоказ и очекување тоа да се доживее и по оваа изведба.

Македонскиот народен театар, по одлука однесена едногласно на жирито, ја доби специјалната Стеријина награда за колективна актерска игра да за претставата „Народен пратеник“ од Бранислав Нушиќ, во режија на Егон Савин.

Изоставувајќи бројни наративни текови, претставата „Народен пратеник“ на Македонскиот народен театар од Скопјe,  е сведена на 5 лика и формално поставена во еден чин .
Премиерно беше изведена во октомври лани по повод 80-годишнината од МНТ. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни