МНТ со „Иванов“ на „Војдан Чернодрински“

Втората вечер на Меѓународниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп беше одбележана од претставата „Иванов“ на Македонскиот народен театар. Режисерка на претставата која е правена по текстот на А.П. Чехов е Зоја Бузалковска.

Утре во рамките на фестивалот ќе се одржи промоција на театарска и театролошка литература „Иванов 1887/1889: две верзии“ на која ќе говори Бузалковска, а потоа ќе следи и тркалезна маса.

Улогите во претставата „Иванов“ ги играат: Благој Веселинов, Драгана Костадиновска/Софиа Насевска-Трифуновска, Оливер Митковски, Ѓорѓи Јолевски, Звездана Ангеловска, Дарја Ризова, Григор Јовановски, Нина Деан, Александар Ѓорѓиески, Исидор Јовановски, Николина Кујача, Ивица Димитријевиќ, Синан Ракиповски и Енис Билаловиќ.

Утрешниот ден на „Војдан Чернодрински“ ќе биде посветен на Авторот во фокус – Горан Стефановски. Ќе се презентираат сите актуелности поврзани со зачувувањето на ликот и делото на Горан Стефановски во македонската култура.

Ќе бидат одржани пет работилници, освен презентацијата на едукативната програма: Работилницата за драмско пишување што ќе ја води Ана Трпеноска, Работилницата за новинарско следење на фестивал што ја води тимот на Умно.мк, Работилница за тело – говор – простор што ја води Искра Шукарова и Работилницата за костимографија што ја води Александар Ношпал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни