Многу критики за лошата изведба на Дуа Липа во дуетот со Шер

Пејачката Дуа Липа ја изведуваше песната „Believe“ заедно со Шер на церемонијата за примање на легендарната Шер во Куќата на славните на рокенролот.
Фото: X/@DUALIPA

Сепак, настапот на Дуа Липа наиде на многу критики на социјалните мрежи. Фановите ја пофалија дека изгледала одлично, но дека нејзиното пеење било многу полошо во споредба со Шер.

„Звучи како настап во караоке бар“, „Се мачеше да ги погоди високите ноти“, „Дуа не звучи добро, чудно е дури“, беа дел од коментарите.

Двете пејачки настапија заедно на церемонијата, откако пред две години Шер ја нарече Дуа Липа „Шер на новата генерација“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни