Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека Македонија во 2026 година ја очекуваат послаб економски раст и нови инфлациски притисоци, главно поради поскапувањето на енергенсите поврзано со војната на Блискиот Исток. Според ММФ, растот на реалниот БДП ќе забави на 3,1 отсто, додека инфлацијата би можела да достигне околу 4,5 проценти.
Во извештајот се наведува и дека повисокиот увоз на енергија ќе изврши дополнителен притисок врз економијата, при што дефицитот на тековната сметка би можел да се прошири на околу 5 отсто од БДП во 2026 година. ММФ оценува дека ризиците и натаму се насочени надолу, особено ако продолжи конфликтот на Блискиот Исток и ако растот во Европската Унија ослабне.
Фондот ја поздравува намерата на властите да го намалат буџетскиот дефицит, но предупредува дека без конкретни мерки тоа може да не се реализира. Воедно препорачува поддршката за граѓаните да биде потаргетирана, а не преку општи даночни олеснувања, додека на среден рок бара продолжување на фискалната консолидација и повнимателно управување со јавниот долг.
ММФ посочува и дека комбинацијата од енергетскиот шок и силната домашна побарувачка налага дополнително затегнување на монетарната политика, додека структурните реформи, особено во енергетиката, пазарот на труд и владеењето, се гледаат како клучни за посилен и поодржлив раст во иднина