Ризичните одлуки го дефинираат американското средношколско искуство: Дали му верувам на мојот возач после забава? Ако го изедам ова за време на часот по англискиот јазик, дали ќе ги потрошам калориите до доаѓањето на часот по физика? Овие дилеми се дел од истражувањето за ризичното однесување на младите за 2011-2021 година, објавено од CDC, кое ги прикажува трендовите во изминатата деценија во сè, од употреба на дрога до сексуална активност и ментално здравје.
Според извештајот, кој ги анализира одговорите на анкетираните 17.000 средношколци, сега младите доживуваат повеќе трауми и насилство отколку во изминатите години. Сепак, се чини дека поретко прибегнуваат кон нелегални супстанци како механизам за справување со ситуациите. Она што е можеби уште повпечатливо е дека во 2021 година, за прв пат во 30-годишната историја на истражувањето, младите жени пријавиле дека користеле марихуана и други недозволени дроги со поголема стапка од младите мажи.
Што се смени?
За да дознаеме повеќе, VICE разговараше со Кетлин Етиер, директорка на Одделот за адолесцентно и училишно здравје (DASH) на CDC. Етиер зборуваше за предизвиците со кои се соочуваат младите жени во САД и зошто „тревата“ може да биде прв механизам за справување споредено со било што друго.
„Со ваквите анкета-истражувања се обидуваме да разбереме што се случува со младите луѓе во земјата. Ваквото истражување го практикуваме со години. Станав директор во 2016 година и го објавивме извештајот за 2017 година ставајќи фокус на: сексуално однесување, употреба на супстанции, насилство, ментално здравје и самоубиствени мисли и однесувања кои можат да доведат до истото. Не ги разгледувавме податоците за целиот пременски период од 20 – 30 години, туку на десет годишен период. Со тоа заклучивме како младите гледаат на работите и во кои правци ќе се развиваат во иднина“, рече Етиер.
Што откри последното истражување, генерално, за употребата на дрога кај тинејџерите?
-Мислам дека она што е јасно од овие податоци, сепак, е дека има подобрувања кои се случуваат кај одредени групи на млади луѓе. Иако има намалување на процентот на млади луѓе кои пијат алкохол, гледаме дека на пример, тој се намалува повеќе кај мажите отколку кај жените. Ако ја погледнете 2011 година, навистина немаше разлика во употребата на алкохол помеѓу мажите и жените. Во ова истражување прв пат се покажа дека употребата на марихуана кај младите жени е поголема отколку кај мажите. Можете ли да зборувате за тоа конкретно и да објасните зошто мислите дека тоа е така?
Во поголемиот дел од податоците во овој извештај, тинејџерките и ЛГБТИ студентите имаа повеќе негативни исходи. И тоа е дел од поголема слика. Ова е најголемото национално репрезентативно истражување што го имаме, а го разгледува целиот овој опсег на работи. Има и Национална анкета за употреба на дроги и здравје што ја води SAMHSA. Не успеав да ги споредувам податоците, дали она што го гледаме во нашите извештаи соодветствува со нивните. За време на пандемијата, сепак, видовме зголемување на самоубиствените идеи и обидите за самоубиство, како и посетите на одделенијата за итни случаи за обиди за самоубиство, така што резулттите од двете истражувања во голем дел соодветствуваат.
Ние навистина се фокусираме на тоа што училиштата можат да направат. И има многу што училиштата можат да направат во однос на превенцијата. Имаме програма наречена „Што функционира во училиштата“ и таа е дел од 28 големи урбани училишни области. Она што е докажано е дека кога ќе им дадете на луѓето квалитетно здравствено осигурување, кога ќе бидете сигурни дека тие можат да се поврзат со потребните здравствени услуги и кога ќе создадете безбедни училишни средини, гледаме подобрувања во сексуалното ризично однесување. Гледаме и намалување на употребата на марихуана, конкретно.
Што мислите, постои ли друго решение освен целосно откажување од употребата на супстанции и алкохол кај адолесцентите?
-Младите носат подобри одлуки. Тоа е јасно. Поминавме многу години разговарајќи со нив за важноста од избегнување ризично однесување и изгледа како да не слушаат. Во исто време, мораме да создадеме средини што ги поддржуваат, бидејќи работите што ни ги кажуваат се дека тие не одат на училиште затоа што не се чувствуваат безбедно, дека доживуваат сексуално насилство и тоа има штетно влијание на нивното ментално здравје.