Младите во САД допишуваат познати личности на гласачките ливчиња

Младите Американци излегуваат на претседателските избори, но дел од нив решија да се пошегуваат со гласачките ливчиња на кои беа испишани имињата на кандидатите, што предизвика поделени реакции кај луѓето на интернет. Имено, многу од нив ги пишуваат своите имиња или нивните идеи за кого би гласале.

На пример, еден корисник на TikTok го напиша името на познатата пејачка Тејлор Свифт.

На X се појави и објава во која едно момче го напиша името на познатиот американски јутјубер Дрим, кој е познат по своите видеа за популарната игра Minecraft. Тој е познат и по својот мистериозен идентитет, бидејќи често носи маска или се крие зад ликот познат од интернет мимовите.

„Гласајте, ова се најважните избори во нашиот живот“ напиша тој.

И додека на некои ова им е смешно и интересно, многу други се лути поради, како што велат, „неодговорноста на младите на избори“.

„Ова е неодговорно. На ова не мислат луѓето кога велат оди гласај. Ова се навистина важни избори и вашиот глас значи многу“, напиша еден, додека друг коментатор додаде: „Ве молам, не ги охрабрувајте луѓето да го прават ова. “

USA Today објави дека во некои држави не е дозволено фотографирање на гласачки ливчиња, а гласачите кои не ги почитуваат локалните закони може да се соочат со парични казни или други санкции. Во Њујорк, на пример, се дозволени фотографии од празни гласачки ливчиња, но законот им забранува на гласачите да фотографираат пополнети гласачки ливчиња.

Потсетуваме дека, покрај овој, започна уште еден тренд на TikTok кај младите Американци. Тие прават видеа во кои велат дека ќе гласаат само за да ги „поништат“ гласовите на нивните родители или партнери.

Иако многумина не откриваат за кого гласаат, некои се изјаснија дека ќе ја поддржат Камала за да ги неутрализираат гласовите на нивните блиски кои се за Доналд Трамп. „Ќе го откажам гласањето на моите родители денес“, напиша еден tiktoker, додека друг додаде со истиот опис: „Го правам тоа за да го заштитам моето семејство“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни