Ново истражување на Светската здравствена организација (СЗО)

Младите во Европа се помалку користат кондоми

На прашањето дали користеле кондом или контрацептивни таблети последниот пат кога имале секс, Белгијанците во најголем дел одговориле во корист на оралната контрацепција, додека во Македонија само 10 отсто од момчињата се изјасниле дека нивните партнерки користеле контрацептивни таблети

Употребата на кондоми кај европските адолесценти опаѓа, покажува новото истражување на Светската здравствена организација (СЗО). Студијата, во која биле анкетирани над 242.000 15-годишни момчиња и девојки од 42 европски земји, прашњето било дали користеле кондом или контрацептивни таблети последен пат кога имале секс. Во 2014 година, 70 отсто од сексуално активните момчиња користеле кондом, но до 2022 година процентот паднал на 61 отсто. Кај девојчињата, употребата на кондоми е намалена од 63 на 57 проценти.

Најмногу кондоми користат девојките во Србија, дури 81 процент, а најмалку во Албанија каде само 24 процент од девојките преферираат да ги користат. За разлика од девојките, најмногу кондоми користат момчињата во Швајцарија, дури 77 проценти, а најмал е процентот во Шведска каде само 43 проценти од момчињата користат кондоми.

Контрацептивните пилули се најпопуларни кај девојките во Холандија каде 61 процент од девојките користат орална контрацепција. Најмал е процентот во Грција, каде одвај 6 проценти од жените на возраст од 15 години користат контрацептивни пилули.

Кога се во прашање момчињата, на прашањето дали користеле кондом или контрацептивни таблети последниот пат кога имале секс, Белгијанците во најголем дел одговориле во корист на оралната контрацепција, додека во Македонија само 10 отсто од момчињата се изјасниле дека нивните партнерки користеле контрацептивни таблети.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни