Младите учат да штедат и инвестираат

Како младите правилно да штедат и да ги инвестираат своите пари е клучна животна вештина која почнаа да ја осознаваат средношколци од Битола и Струга преку програмата за финансиска писменост во организација на здружението „Младите можат“.

Христијан Пејовски, дел од тимот на Капитал финансиски центар и Капитал ассет менаџмент, на младите им пренесе знаења и искуства за да ги сфатат важноста на финансиската писменост, управувањето со личните финансии и остварувањето на финансиските цели.

„Преку интерактивни тимски задачи, учесниците учеа како да управуваат со приходите и трошоците, како да поставуваат и реализираат финансиски цели и како да донесуваат подобри одлуки за својата иднина. Исто така, тие ја открија разликата меѓу штедењето и инвестирањето и преку реални примери дознаа кога е попаметно да се биде штедач, а кога инвеститор“, објаснува Пејовски.

Врз база на долгогодишното искуство во областа на финансиската едукација преку Капитал финансиски центар и од своето работно искуство како инвестициски советник во Капитал ассет менаџмент, Пејовски сподели инспиративни и практични примери кои ќе им помогнат на младите на патот кон нивната финансиска независност.

Обуките со младите се одржаа во Europe House во Битола и во Струга, преку програмата за финансиска писменост како дел од проектот „All for You(th)“, финансиран од Европската комисија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни