Младите стрипаџии и даваат шанса на инклузијата

Стрип центарот на Македонија од Велес започна со имплементација на Грантот “All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“ од вториот повик отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Целта  на проектот е да се зајакне капацитетот на младите луѓе без разлика на етничките разлики да користат стрипови како соодветна културна алатка за промовирање на меѓуетнички дијалог, граѓански вредности и борба против дискриминацијата.

Томе Трајков-координатор на проектот ги наведе следните активности како дел од проектот:

·         Ќе биде објавен јавен повик за  ученици – стрип таленти коишто треба да изготват

стрипови на тема а) прикажување на пријателства што ги надминуваат културните и националните граници, нагласувајќи како заедничките вредности можат да ги премостат разликите, како и на тема б) фантастични или научно-фантастични светови каде што се спојуваат ликовите од различно културно потекло, формирајќи сојузи и пријателства кои ги надминуваат измислените културни поделби.

Овој повик е веќе испратен до сите училишта во државата и трае до 30 март 2024 година.

·         Потоа ќе биде организирана четиридневна едукативна стрип-работилница со избрани

12 млади таленти од различни етнички и географски средини кои заедно со програмскиот координатор и едукаторот треба да ги доработат и усовршат своите стрипови

·         публикување на соодветен каталог каде ќе бидат објавени стриповите, а ќе бидат

претставени и младите автори.

·         На крај , ќе биде направена и тематска ФБ група, а ќе се организираат и пет изложби во

различни етнички и географски средини од државата.

Планирано е проектот да заврши во месец јуни 2024 г

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни